Четвртата лирска сред(б)а во Социјалниот центар „Дуња“ се одржува вечерва, со почеток од 9 часот.
Во рамки на вечерта свое место ќе има и мини-изложбата Фрагменти/Fragments, која е резултат на креативните напори на учесниците на обуката „Креативно пишување за општествени промени“ во организација на Center for youth activism KRIK / КРИК. Мини-изложбата ги истражува релациите текст-слика и опфаќа прашања со кои се засегнати младите преку критичко набљудување на урбаните простори и структурите во нашето секојдневие.
Како и претходно, се чита сопствена или поезија од други автор/к/и. Учеството е слободно за секого. Зинтересираните можат да пишат во порака на Фејсбук страната на Социјален центар Дуња.