Министерот за правда Кренар Лога излезе со реакција на својот официјален ФБ профил, по повод случајот „Титаник 2″.
“Веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратив дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март 2023 година, каде предупредив и побарав поефикасно и навремено преземање мерки, со цел спречување на вакви и слични ситуации на застарување на судските предмети преку одложувања на судските процеси.
Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет “Титаник 2” и тоа за ист обвинет.
И покрај мојата заложба да не се мешам во независноста на судската власт, принуден сум да реагирам, да ги повикам сите институции и организации итно да преземат мерки за брзи реформи.
Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството туку напротив, со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на граѓаните во целиот систем,” изјави министерот Лога.