Либералната партија го осуди синоќешниот напад врз новинарот на телевизија Телма, во текот на вршењето на неговата работа, истакнувајќи дека не станува збор за исклучок, имајќи предвид дека тоа е веќе шести таков случај.
– И овој напад е мотивиран од политиката која две децении новинарите и медиумите ги гледа како „огласна табла“, а не како општествено-одговорна и ценета професија.
Имајќи ја предвид атмосферата што се создава пред изборите и со оглед на дрскоста како е изведен, оценуваме дека нападот врз Беловски е само најава за тоа колку изборите на 11 декември ќе бидат „демократски и кредибилни“ – изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.