ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

Сподели

vislava
Љубов на прв поглед

И двајцата се сигурни
дека ги зближи чувството кое не го очекуваа.
Убава е таквата сигурност,
но,несигурноста е уште побава.

Мислат дека, ако не се познаваат,
меѓу нив ништо не се случило порано.
А што ќе кажат за тоа улиците,скалите, ходниците,
низ кои одамна минуваа?

Би сакала да ги прашам, ако не се сеќаваат-
за случајните средби,можеби зад затворени врати,
некогаш, лице во лице,
за едно „извинете“ во метежот?
За едно збунета „грешка“-изговорена на слушалката?
Но знам што ќе одговорат,
Не, не се сеќаваат.

Би ги зачудило сознанието
дека веќе долго време
случајноста си поигрува со нив.

Уште поподготвена
заради нив да се претвори во судбина,
да ги зближи и да ги оддалечи,
да им го пресече патот,
да ја стивне смеата
секако на страна.
Постојат знаци,сигнали
што не замеруваат дека се немаат решение.

Можеби пред три години
или минатиот вторник
еден лист летна
од рамо на рамо?
Нешто што било изгубено и заборавено.
Кој знае,можеби тоа е топката
од детството?

Тоа се кваки и ѕвончиња
на кои предвреме
допирот одговори со допир.
Куфери во гардеробата еден до друг.
Истиот сон една ноќ,
избришан веднаш по будењето.

Впрочем, секој почеток
е само продолжение,
а книгата на случувања
секогаш е отворена на половина.