Македонска филхармонија: OFFest 2020 – Добрила Грашевска и Дориан Јовановиќ

Сподели

 

OFFest 2020, Македонска филхармонија, 7.ноември

DOBRILA GRASHESKA вокал, DORIAN JOVANOVIĆ ут, лупови

БАРАЈЌИ ГО ЧУДОТО… Кога во една јулска приквечерина, обоена со најголемиот хор на штурците во Козле започна разговорот меѓу двајца пријатели во кој ја споделија идејата да направат нов проект, не ни помислуваа каков тек ќе заземе оваа мисла и каков лик ќе има музика што набргу започнаа да ја создаваат. Добрила и Дориан дуо (тим којшто е веќе познат како дел од Чалгија саунд систем) започнаа една мека „офанзива“ на амалгамизирање на гласот, утот, луповите и импровизацијата. Од една страна, Добрила ги пее македонските песни, но и си игра со тишината, со мелодијата која не мора секогаш да биде тон, туку и шум, а од друга, Дориан свири на ут – инструментот претеча на денешната гитара, и го пронаоѓа пикот на луповите и прстометот по 6 жици, помеѓу макамите и западните скали. Добрила го добила своето знаење отскривајќи ја покривката на македонското музичко – пејачко наследство на Вања Лазарова, Мирвет Беловска, Кирил Манчевски, но и од влијанието на слободните истражувачи на инаквиот начин на пеење и изразување. Дориан Јовановиќ пак работејќи на своите неколку проекти (String Forces, Axiotomic, Dorian Jovanovic oud quartet) го синтетизира до максимум насобраното знаење и искуство и го изнесува на виделина тoкму во овој проект наречен Амалгами – што поради фузијата на знајното и незнајното, што поради тишината и хорот на штурците од Козле, што поради поривот преку музиката да се пронајде чудото…