Македонската и албанската царина заедно ќе се борат против царински измами

Сподели

sostanok-albanija-2-860x680

Во Поградец, Република Албанија се одржа билатерална средба помеѓу царинските управи на Република Македонија и на Република Албанија.

Состанокот на делегациите, предводени од директорите на двете служби, се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија за взаемна помош и соработка помеѓу царинските органи.

Двете делегации разговарале за унапредување на електронската размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји, унапредување на соработката на оперативно ниво при вршењето на тековното царинско работење, координирање на активностите во насока на олеснување на трговијата и безбедноста, како и за меѓусебна соработка помеѓу службите при имплементирање на современите компјутерски системи.

Претставниците на царините од двете земји, усвоиле и повеќе заклучоци кои ќе бидат содржани во Акционен план за размена на податоци за спречување на царински измами.

Искажано е задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и размена на искуства што ќе биде од полза за двете страни.

Македонската и албанската царина заедно ќе се борат против царински измами