Македонски државјани и новороденче чекаат да бидат евакуирани од Украина

Сподели

 

На денешната прес-конференција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат.

“Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме”, – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

“Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат континуирано на терен. Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа, мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно, рече Османи.

„Има едно семејство во Харков со бебе, старо само пет дена и во постојана комуникацја сме со нив. Се прават сите напори за нивна безбедна евакуација, воспоставивме комуникација со многу држави кои имаат пристап до тој град. Очекуваме денеска да го извлечеме тоа семејство преку Украина. Тој град е најпогоден во последните неколку дена, и навистина оди тешко, но го бараме најбезбедниот начин за да се вратат во нашата земја“, рече Османи.

Османи додаде дека Северна Македонија се приклучи кон серијата на санкции и мерки против Русија меѓу кои и затворање на воздушниот простор за руски авиони, укинување на руските телевизии на операторите во земјава. Исто така најави дека покрај воена помош, Украина ќе добие и хуманитарна помош.