Македонскиот ајвар од „Hina Products“ со награда “Шампион на квалитет” во Нови Сад

Сподели

Македонскиот ајвар уште еднаш ги потврди својот квалитет и автентичноста по којa е препознатлив насекаде низ светот. Домашниот производител на зимница, „Hina Products“ од Гевгелија освои неколку престижни признанија за своите производи на 85-от Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад.

„Кралот на зимницата“ – домашниот благ ајвар на „Hina Products“ беше прогласен за Шампион на квалитет во својата група производи, додека традиционалните производи лутеница, ѓувеч и благ ајвар беа наградени со три големи златни медали. На „Hina Products“ ѝ беше доделен и пехар за висококвалитетни производи.