Македонскиот таеквондо мајстор, Дејан Георгиевски се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри, откако во својата борба рано утровото по наше време успеа да издоминира против светскиот шампион.
Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3). На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа.
Георгиевски во четвртфиналето ќе се бори со Сејду Гбане, од Брегот на Слоновата Коска, во 8.35 часот, по македонско време.