Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Северна Македонија и Албанија, пишува Дојче веле.
Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Северна Македонија- 454.
Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.
Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.
Целиот текст можете да го прочитате тука.