“Во внатрепартиски амбиент на несигурност и безидејност, ОК на ВМРО ДПМНЕ по кој знае кој пат и денеска ја манипулира јавноста со рампите за регулирање на сообраќајниот хаос во стариот дел на Охрид. Прво велеа дека треба да се тргнат, потоа да се искршат, а денеска дека треба да се поправи рампата лоцирана во близина на споменикот на Фаќачот на Крст.
Во интерес на вистината, Локалната самоуправа, чуствува за потребно да ги информира граѓаните, дека од 30.12.2019 година има проблеми околу функционирањето на рампата, кои ги предизвикуваат несовесни сопственици на сместувачки капацитети во стариот дел на градот кои нивната електронска картичка ја користат за да ги внесат и автомобилите на туристите и ја блокираат картичката.
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите за ваквите злоупотреби поседува снимки од видео надзорот, но и покрај тоа во интерес на граѓаните се однесува совесно и одговорно и има поставено по двајца вработени во две смени за да им помагаат на непречено да поминуваат.
Ова е информација за граѓаните, а за ВМРО ДПМНЕ нека биде порака дека конечно треба да престанат во јавноста да шират невистини”, соопштуваат од Општина Охрид.