Постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука и секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН – соопшти МАНУ.
Претседателството на МАНУ одржа седница на која се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик, на која е заклучено дека Владата треба да им даде поголемо значење и финансии на проектите за научно истражување на македонскиот јазик.
“Ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата” – соопшти МАНУ.