Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината на државата и граѓаните.
-Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество, пишува на Фејсбук профил на вицепремиерот.
Маричиќ овој момент го гледа како историски за евроинтеграцијата на Северна Македонија и смета дека процесите добиваат на успех и вредност ако ги валоризираме во вистинско време.
-Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси, вели Маричиќ.
Во објавата Маричиќ вели дека „овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија“. За него сега е најважно сите да застанат на иста страна и со посветеност и единство да продолжат преговорите со ЕУ, оставајќи ги настрана политичките разлики да демонстрираат искрена намера за членство во ЕУ.
-Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија, порачува Маричиќ.
„Нов повик и можност за обединување на сите политички лидери за ЕУ и преговори за полноправно членство во ЕУ. Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество.
Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија.
Овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија.
Да застанеме сите на иста страна и со посветеност и единство да ги продолжиме и забрзаме преговорите со ЕУ. Сите политички партии застануваат на иста линија и оставајќи ги настрана своите разлики создаваат обединет фронт, демонстрирајќи дека членство во ЕУ е заедничка цел што ги надминува политичките разлики.
Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Процесите добиваат на успех и вредност ако се валоризираат во вистинско време. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси.“