Меѓународeни фестивал на комедијата „Гола месечина“ – од 2 до 9 септември
Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ годинава ќе се одржи од 2 до 9 септември.
Овој традиционален фестивал, кој Општина Аеродром и Театар Комедија го организираат по шести пат, има за цел да го збогати културниот живот во општина Аеродром.
Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе имаме квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска.
„Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром и наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина“, вели градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.
Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.
Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија.
Фестивалот и годинава ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот ќе биде бесплатен.
Фестивалот е под покровителство на Општина Аеродром