Во петокот, земјотрес со интензитет од 8,1 степен го потресе Мексико. Бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 96 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на државата Оахака, Алехандро Мурат, соопшти дека бројот на загинатите во оваа држава се искачи на 76 лица.
Официјалните претставници соопштија дека во државата Табаско се загинати четворица.
Директорот на Цивилната заштита на Чиапас, Луис Фелипе Пуенте, изјави дека во државата Чиапас, бројот на загинатите се искачи на 16 лица.
Покрај ова, гувернерот на Oaxaca, Мурат, информираше дека 11.000 домови во оваа држава се урнати или претрпеле оштетувања. Официјалните претставници пренесуваат дека во државата Чиапас се оштетени или урнати 5.000 домови.
Градот Хучитан е едно местата најпогодени од земјотресот во Мексико, а таму војската и федералната полиција помагаат во уривањето на оштетените објекти.
Волонтерите кои пристигнаа од околните места, учествуваат во делењето помош за лицата погодени од несреќата.
Вчера, во утринските часови, Хучитан беше потресен од афтершок земјотрес со интензитет од 5,2 степени. Локалните претставници изјавија дека по разорувачкиот земјотрес што во петокот предизвика големи штети во јужниот дел од земјата, забележани се уште 800 последователни земјотреси со различен интензитет.
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 8,1 степени се наоѓал на 87 километри југозападно од градот Пихихјапан, на отворено море, на длабочина од 69,7 километри. Претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието, објави дека земјотресот бил со интензитет од 8,2 степена.