Со проекција на филмот МЕМЕНТО на Димитрие Османли на 26 jули, Кинотека ќе ја одбележи 60-годишнината од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.
Воедно МЕМЕНТО е овогодинешниот фимски класик кој ќе биде дел од 4-тото издание на проектот „Сезона на филмски класици“ #ASeasonOfClassicFilms , организирана од страна на ACE – Association des Cinémathèques Européennes (Асоцијација на европските кинотеки).
26 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:00 ч., МЕМЕНТО, (Memento). Игран филм, Македонија, 1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski)
МEMEНТО е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на нејзиното миното и семејната трагедија која ј доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот.