Менувачници на Бит Пазар работеле без дозвола

Сподели

 

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.
 
При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија.
 
Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.