Месечен хороскоп за месец март 2019

Сподели

Овен

Љубов – Иако сте преокупирани со заработката, работата и финансиите, ќе имате доволно време и за излегување и дружење, со помош на добра организација. Слободните овни би можеле да сретнат доста интересна личност во знакот на лав, водолија или близнаци, која нема да биде подготвена за долга врска, но ќе сака авантура. Зафатените ќе поминуваат низ помирен период, иако на женските припадници од овој знак им претстои флерт на работа. 

Работа – Имате зголемена желба за заработка и работење. Овој месец ќе ви донесе можности за напредување и добар период за инвестиции и вложување во бизнисот. Ќе бидете одличен тимски работник, успехот ќе се одрази врз целиот колектив и ќе ви донесе одлична заработка. Ќе имате и фантастична соработка со партнери од странство. Единствено што може да ја уништи добрата финансиска ситуација е бизнис со риби, што може да ви донесе несигурност, недоверба и двоумење.

Здравје – Добро и стабилно здравје

Бик

Љубов – Обрнете повеќе внимание на вашиот друштвен живот и излегувањата бидејќи ќе почне да стагнира, па вашиот партнер нема да биде задоволен. Потрудете се повеќе време да поминувате со партнерот за да ја исполните неговата потреба за забава. Доколку сте слободни, ќе запознаете некоја личност што ќе ве привлече со нејзините ставови, принципи и настапи, што природно ќе ве изненади бидејќи долго време не сте биле во друштво на таква личност.

Работа – Чувајте се од непредвидени пречки што можат да ви се појават при реализација на плановите. Ќе имате можност да се истакнете и да почнете важен нов проект, за кој планирате да ви донесе напредок во кариерата и поголема заработка. Ќе ја забележите неопходноста од внесување промени во вашиот досегашен начин на работење за да фатите чекор со модернизацијата во технолошка и електронска смисла.

Здравје – Потребни ви се секојдневни физички активности и престојување на чист воздух.

Близнаци 

Љубов – Избегнувајте тајни пред партнерот бидејќи лесно може да дојде до тоа да бидете откриени и тоа да ви донесе непријатни последици. Внесете повеќе имагинација во заедничките активности и предложете нешто сосема ново што претходно не сте го пробале. Вашиот партнер тоа ќе го дочека со одобрување. И двајцата ќе ја почувствувате потребата за повеќе друштвени активности.

Работа – Месецот ви носи неочекувани тешкотии на полето на финансиите поради лошо планираните и изработени делови од еден проект. Плановите во врска со соработката со странски партнер ќе ви бидат отежнати. Овој месец ви се препорачува да не почнувате нови бизнис-подвизи, туку да се посветите на завршување на сето она што не сте го завршиле.

Здравје
 – Ќе се зголеми вашата виталност благодарение на честите физички активности. Ќе бидете полни со сила и позитивна енергија.

Рак

Љубов – На почетокот од март ќе почнете да внесувате нови активности во вашата емотивна врска. Ќе почувствувате потреба да излезете од кругот на секојдневието што доведува до оддалечување од партнерот. Ќе му предложите на партнерот нови активности и авантури. На почеток ќе биде против, но треба да бидете истрајни. Втората половина од март ќе ви донесе можност да отпатувате некаде заедно. 

Работа – Почетокот на месецот ви носи неочекувани тешкотии на полето на соработка. Освен што треба повеќе да посветите внимание на договор со соработниците, ќе биде неопходно да се насочите и на пронаоѓање поефикасни начини за да ги подобрите работните вештини. Веќе подолго време го одложувате заминувањето на семинари, што ќе ви биде од корист за да се вклопите во најновите трендови и технологии во бизнис-светот.

Здравје – Во средината на месецот ќе бидете подложни на вирусни инфекции, хормонски пречки и лоша циркулација.

Лав

Љубов – Ќе бидете мотивирани да внесете нешто квалитетно и ново во вашиот пристап кон саканата личност. Ќе имате повеќе иницијативи за заеднички активности. Вашите предлози ќе го мотивираат вашиот партнер да поминува повеќе време со вас, а тоа ќе ве зближи. Потребни ви се повеќе опуштени разговори и забава. 

Работа –
 Ќе направите погрешен потег што ќе доведе до откажување на една работа што ја сметавте за веќе завршена. Потребно е да посветите повеќе внимание за да ги подобрите односите со бизнис-партнерите. Добро би било да избегнувате бизнис и финансиски ризици. Можни се губитоци ако се занимавате со угостителство.

Здравје 
– Здравјето ќе ви биде променливо, па затоа е важно да преземете превентивни мерки.

Девица

Љубов – Вашата емотивна врска ќе биде исполнета со случки во текот на март. Ќе имате подобри интимни односи со партнерот. Ќе си подарувате доста внимание и нежности, но можни се недоразбирања во комуникацијата. Во другата половина од март ќе внесете квалитетни промени во вашата емотивна врска.

Работа – 
Нема да ја имате очекуваната поддршка за еден проект. Ќе биде неопходно да издвоите повеќе време за еден бизнис-подвиг. Ќе мора да одржувате низа работни состаноци и да го реорганизирате досегашниот начин на соработка. Од вас ќе се очекува да усвоите нови знаења и вештини. Оние што работат во просвета или имаат креативни професии ќе имаат доста голем успех. 

Здравје
 – Потребно е повеќе да бидете изложени на чист воздух, далеку од градското загадување.

Вага


Љубов –
 Ќе почнете да размислувате за тоа што ви недостига во односот со партнерот. Ќе се потрудите да ја отстраните монотонијата од врската, па ќе му предложите да го промените секојдневниот тек на настаните. Ќе се изненадите пријатно кога ќе ве однесе на место за забава што одамна не сте го посетиле.

Работа – Неочекувани тешкотии во завршната фаза на една работа чиј рок треба да го преместите. Тоа ќе ве чини и ќе го намали износот на заработка што сте го очекувале. Ќе дојде до лоша комуникација со клиентите, нема да можете добро да се организирате, па нема да успеете навреме да ја завршите и на сите да им излезете во пресрет. Некои клиенти ќе ви ги откажат услугите.

Здравје – Треба да го смените начинот на исхрана.

Скорпија

Љубов – Овој месец ќе бидете особено посветени на домот и семејството. Со саканата личност ќе планирате уредување на заедничкиот дом. Тоа ќе ве зближи бидејќи ќе бидете сложни за многу работи. Втората половина од март ви носи повеќе забава и романтични моменти. Ќе ги расчистите несогласувањата и ќе си подарите искрени емоции и љубов. 

Работа – Неочекувани тешкотии во текот на работата. Ќе барате ефикасни начини за надминување на препреките. Избегнувајте какви било ризични потези во работата, а особено ризични инвестиции. Вашите планови во врска со пласирање понуди на производи и услуги на пазарот ќе треба да ги реорганизирате бидејќи ќе уочите пропусти. За да бидете во тек со актуелните трендови, ќе бидете во ситуација да мора да внесете новости во досегашниот начин на работење и да склопите нови договори.

Здравје – Март ќе ви донесе променливо и чувствително здравје. Можни се појава на ангина, замор и напнатост, како и хипертензија. 

Стрелец


Љубов – 
Ќе имате повеќе енергија и повеќе време ќе вложувате во односите со саканата личност. Вашата страст ќе се зајакне, ќе бидете покомуникативни од обично и преполни со љубов и трпение. Вашиот партнер ќе сака квалитетно да го помине времето со вас. Ако сте слободни, ќе се појави личност во вашиот живот со која ќе пронајдете заеднички теми. 

Работа – Месецот ќе ве мотивира да пронајдете идејни решенија за она со што се занимавате, а ако имате професија поврзани со креативноста или ако сте уметник, ќе имате добра инспирација што ќе ви донесе сигурен и стабилен успех. Ако се занимавате со професии поврзани со градежништво или техничка струка, проектирање или техничко цртање, и тука ве очекува напредок.

Здравје – Потребно е да правите вежби за грб.

Јарец

Љубов – Претходниот период ви беше доста тежок и напорен, така што не сакавте да се соочите со сите проблеми поврзани со семејството. Но, овој месец ви нуди можност да ја надминете кризата во врската или бракот, па да ги пребродите сите несогласувања. Вашиот партнер сака да знаете дека сте верна личност, и само така можете да го направите среќен. На оние што се слободни шармантниот изглед ќе им отвори многу врати. Искористете го.

Работа – Финансиската нестабилност со која се соочивте претходниот месец сега ќе се намали. Ако вложите повеќе труд, ќе имате одлични резултати и ќе ги реализирате вашите работни обврски. Нека ви бидат приоритетни задачите што ви се доделени и што треба да ги извршите навреме. Токму овие задачи ќе бидат пресудни за напредување во вашата кариера. Вложете труд и бидете љубезни кон клиентите и бизнис-партнерите. 

Здравје – Чувствителни дишни органи и грло.

Водолија 

Љубов – Ќе бидете емотивни, па на саканата личност ќе ѝ обрнете повеќе внимание, ќе ѝ давате подароци. Ќе обрнете внимание повеќе отколку обично за тоа што сака вашиот партнер и што би го израдувало. Средината на март ќе ви овозможи разрешување на несогласувањата што подолго време се провлекуваа низ врската. 

Работа – Неочекувани проблеми ќе доведат до одложување на договорениот важен состанок на кој требаше да одлучувате за започнување нови работни задачи. Ако се наоѓате во позиција на раководител, ќе примените нови методи. Ќе видите дека постојат пропусти во вашите финансиски планови, па ќе преземете мерки да ги поправите и ќе заклучите дека е неопходно да реорганизирате голем дел од процедурите поврзани со распределбата на приходи и расходи и методи на инвестирање. 

Здравје –
 Чувствително.

Риби 


Љубов 
– Ќе имате чести несогласувања со саканата личност. Најмногу тешкотии ќе имате во комуникацијата, договорите, плановите. Ќе ви биде речиси невозможно да се усогласите, поради што и двајцата ќе бидете напнати и склони кон расправии. Избегнувајте тајни и обиди за измама. Овој месец не ви е погоден за заеднички патувања, но добра би била дружба со заеднички пријатели.

Работа – Ќе бидете неусогласени со одредени соработници, а ќе откриете и дека некои од нив реализирале корист на ваша штета, што може да доведе до прекинување на соработката со нив. Ќе најдете подобар пристап за клиентите и бизнис-партнерите. Ќе биде потребно подобро да се организирате и да завршите важни договори бидејќи на тој начин ќе ги истакнете вашата стручност и вашиот авторитет.

Здравје –
 Поради променливото време, ќе имате чувствително и променливо здравје.