Миа ќе ја претставува државата на Летните олимписки игри во Токио

Сподели

 

Младата пливачка Миа Блажевска – Еминова, на Олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Србија, на 100 метри слободно постигна време од 57.13 секунди.
 
На овој начин, Миа потврди дека е најдобра пливачка од Македонија, во женска конкуренција, со што се стекна со правото да ја претставува државата на Летните олимписки игри во Токио.
 
Со ова исполнето време, Блажевска – Еминова освои 741 Фина бодови, со што ќе може да биде пријавена за учество на најпрестижниот глобален спортски настан – Летните олимписки игри.
 
Миа Блажевска – Еминова е жителка на општина Карпош. Има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.
 
Локалната самоуправа и честита на Миа за постигнатиот успех, како и на нејзиниот личен тренер и семејството, кои се нејзина најголема поддршка.
Општина Карпош предвидува и финансиска поддршка за Миа, како дополнителен мотив за претстојниот период.