Мијалков излегува од притвор со гаранција од над 11 милиони евра

Сподели

 

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе излезе на слобода.

Апелациониот суд Скопје му ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евра што ја има дадено за замена на притворот со мерки за претпазливост.

Апелација ја прифати жалбата на Сашо Мијалков, со што решението за притвор е преиначено со мерки за одземање на неговиот пасош и обврска редовно да се јавува во судот.

Сашо Мијалков е во притвор од 26 февруари годинава. За судскиот предмет „Трезор“ тој е неправосилно осуден на 8 години затворска казна. За предметот со нелегалното масовно прислушување „Таргет и Тврдина“, пак, поранешниот директор на УБК беше осуден на казна затвор од 12 години.

Екс-директорот на УБК е обвинет и во предметите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.