Мијалков оди во домашен притвор, на Јанкуловска казната намалена на 4 години

Сподели

Апелациониот суд Скопје и ја намали казната на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот Тенк од шест, на четири години. Судот делумно ги уважи жалбите на Јанкулоска во однос на висината на казната, а во останатиот дел првостепената пресуда ја потврди.
Во првостепената пресуда Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка.

Судот и за случајот „Титаник 2“, реши да ја прифати жалбата на Сашо Мијалков и да му ја укине мерката притвор во истражниот затвор „Скопје“ за домашен притвор.

-По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година, пишува во соопштението на Апелација.

Мијалков пред судиите во Апелација повтори дека веќе дал збор дека нема да бега и дека на тој збор и денес стои, додека пак обвинителката Фатиме Фетаи побара тој и понатаму да остане во притвор.