Во Основниот суд Скопје 1 во секој момент се очекува на распит да пристигне министерката за култура Елизабета – Милевска Канческа, осомничена во „Тендери“ предмет на СЈО, пишува Фокус.
Канческа денеска ќе се соочи со аргументите на обвинителката Фатиме Фетаи и со судија на претходна постапка.
Судијата ќе треба да одлучи дали на осомничената министерка ќе и го одземе пасошот, мерка на претпазливост што ја предложи СЈО.