Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание.
Средбата помина во конструктивна атмосфера. Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и иницијативата за нов Изборен Законик.
Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите за нивно побрзо усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира.
Од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:
- Цветанка Иванова-СДСМ
- Арбр Адеми-ДУИ
- Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците
- Соња Мираковска-НСДП
- Нано Ружин-ЛДП
- Христа Најданов-ДОМ
- Темелко Ристески-Партија на пензионери
- Раметула Куќи-ДПА
- Еран Куртиш-Партија за движење на Турците
- Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците
Пристигнати предлози од институции:
- Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија
- Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања
- Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи
Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.
Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.
Владата е предлагач на уставните измени.
Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.