Министерство за здравство со 87,5% транспарентност во давањето на информации

Сподели

 

Министерството за здравство е меѓу првите 10 институции по индексот на активна транспарентност, според најновото рангирање на Центарот за граѓански комуникации.
 
Споредбено со лани Министерството за здравство ја подобрило својата транспарентност за 6% и припаѓа во групата на институции со најголем напредок.
 
Активната транспарентност на институциите според ова истражување опфаќа пет групи.
 
Министерството за здравство влезе во првата група на институции со многу добра активна транспарентност односно со 87,5% транспарентност во давањето на информации.
 
Под „активна транспарентност“ се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.
 
Тимот на Министерството за здравство и во време на пандемија и зголемена потреба од информации од јавен карактер посветено и неуморно работеше на објавување истите. И во следниот период Министерството за здравство продолжува со транспарентно работење и подобрување на годинешната оценка.

 

Министерството за здравството во 2017 година, на истото истражување во активна транспарентност беше рангирано во категоријата „слаба“ и за само три години во 2020 година министерство бележи скок од цели 43 места.