Министерството за здравство со апел: да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето.
„Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за оваа намена најчесто се користат пестициди или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем“, велат од Министерството за здравство.
Оттаму апелираат дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат во согласност со законите во Република Македонија.