Денеска, во повеќе градови низ Македонија ќе се одржат мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за пожарот што се случи во Кочани, каде животот го изгубија 59 млади лица.
Студентскиот пленум организира собир ќе се одржи денес во Градскиот парк, кај споменикот на Гоце Делчев.
Почетокот е закажан за 16:30 часот, а во 16:59 ќе започне едночасовен молк во чест на загинатите.
„Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се наведува во повикот на мирниот собир.
И Охрид ќе се приклучи на одбележувањето, каде собирот го организираат младинските и ученичките заедници, во соработка со студентските собранија и Локалниот младински совет.
Во Кочани, граѓаните најавуваат дека секој ден од 15 часот ќе се одржуваат протестни маршови со јасна порака – барање одговорност за трагедијата во „Пулс“. Маршовите ќе продолжат сè додека институциите не преземат конкретни чекори.
