Мицкоски на средба со ЕУ претставници: Сведоци сме на политички прогон

Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварил средба со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на Европската Унија, Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за проширување на Европската комисија, соопштија од партијата.

На средбата присуствувал и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На неа, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелните политички случувања во земјава, за стратешките приоритети на државата, како и за реформските процеси важни за Република Македонија.

„Претседателот Мицкоски истакна дека сме сведоци на политички прогон кој се извршува врз десетина лица, а сето тоа не ја придвижува Република Македонија напред кон нејзините стратешки цели – ЕУ и НАТО“, стои во соопштението.