Мицкоски: Поддржувачите на референдумот се во рамки на статистичка грешка

Сподели

Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Сител“.

Тој вели дека процесот на консултации за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот уште трае.

– Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би бил нашиот став за референдумот и би излегле два-тројца од нас и би го бранеле тој став пред јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и логично е бидејќи на тоа го темели и своето битисување како организирана политичка сила во државата, логично е да излезе на терен и да се консултира со народот – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува „стерилна кампања“, а за граѓаните вели дека се поделени во три групи, но според него, онаа која ќе го поддржи Договорот со Грција е најмала.

– Ние ќе докажеме дека идентитетот е вековно изгубен – рече Мицкоски.

Тој вели дека Заев ветувал зачувување на идентитетот, но тоа не се случило.