МКЦ: Промоција на „Средни години“ од Алеш Мустар

Сподели

 

Во рамките на  „Мал новогодишен саем на книга“  во МКЦ, петок, 27.декември со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на „Средни години“ од словенечкиот поет Алеш Мустар, во издание на Или-Или а во препев од словенечки на Лидија Димковска.

Низ разговор со авторот книгата ќе ја претстават Александра Јуруковска и Лидија Димковска.

Алеш Мустар со пораките и уметничката вредност на својата оригинална автопоетика,
со оваа збирка претставува неповторлив глас во словенечката поезија. (Жири за наградата „Вероника“)

Поетскиот глас е разбирлив, непосреден и емотивно обележан, а уште една одлика на авторот е високата мера (само)иронија, црн хумор, па и цинизам од една, како и остра општествена критичност од друга страна. (Кристина Слуга, „Букла“)

На „Средните години“ на Алеш Мустар нема што да им се забележи. Кон тоа најмногу придонесуваат комуникативната дикција, неприсилената поетска градба и крајно луцидната иронија на неговата поезија. (Мартина Потиск, „Содобност“).