Младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија

Сподели

 

“Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред сѐ, на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради.

Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство” – напиша министерот за здравство, Венко Филипче.