Во вчерашниот терористички напад во Барцелона повреден е еден повреден македонски државјанин и тој е вон животна опасност.
Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во “комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона”.
“Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третирано од страна на шпанските медицински служби.
Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин”, соопштува МНР.
Од Министерството информираат дека ова се важни телефони кои можат да им бидат од корист на граѓаните:
00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија
00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини / пријатели.