МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани во земјава

Сподели

 

Министерството за надворешни работи на РС Македонија ја информира јавноста дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, за денеска организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста – се наведува во соопштението на МНР.