Министерството за надворешни работи подготвува предлог закон за надворешни работи со образложение дека со претходните бројни измени направена е правна конфузија и дисторзија на целокупниот систем.
„Со новиот закон темелно ќе се реформира дипломатската служба. Со носење на новиот закон ќе се овозможи создавање на професионална дипломатија согласно Виенските конвенции за дипломатски и конзуларани односи, како и согласно останатите позитивните меѓународни прописи од областа на дипломатијата“, пишува во објаснувањето на целите на предлог-законот објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).