Македонскиот народен театар ги поканува студентите утре бесплатно да го посетат маратонот по повод 72-риот роденден на театарот, под мотото „Создаваме на светов убавина“.
– Со огромно задоволство ја информираме и повикуваме студентската публика, која сите овие години е дел од МНТ, овој ден да го прославиме заедно. Студентите ќе имаат можност бесплатно да ги гледаат нашите хит-претстави „Животот е прекрасен“ со почеток во 15 часот и „Сомнително лице“ со почеток во 21 часот. Билетите може да се подигнуваат од денес, 31 март, на билетарницата во МНТ со приложување индекс или студентска легитимација, информира МНТ.