МНТ: “НИЧИЈА ЗЕМЈА” – 1 и 2. ноември

Сподели

 

 

Инерција на уништувањето

Во сценариото Ничија земја на Данис Тановиќ станува збор за војната што се случи во деведесеттите години на дваесеттиот век во границите на поранешна Југославија. Причината е слична како и за сите настанати војни ― агресивното опстојување и наметнувањето на своевиден културен идентитет (вклучувајќи ја и верската припадност) што се меша со територијални, политички и економски претензии. Интересно во случајов е дека завојуваните страни ― Бошњаците и босанските Срби ― се многу блиски во секоја смисла. Оттука и впечатокот дека непомирливите разлики меѓу нив се несуштински, а конфликтот ― неодржлив. Тие војуваат, дури не можат точно да утврдат зошто и како започнало сè – се прашуваат, но не наоѓаат одговор. Но продолжуваат да се убиваат… Ако овој текст сепак успева да надогради нешто малку поразлично од веќе познатото во опширно развиената воена тема, тоа се состои во појавата на страшната и бескрајна инерција на уништувањето.

Повеќе за претставата:
http://www.mnt.com.mk/pretstavi/nichija-zemja-2

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

Данис Тановиќ/Александар Морфов
Адаптација и режија: Александар МорфовУлоги:
Чики – Сашко Коцев
Цера – Никола Ацески
Нино – Александар Михајловски
Рамбои Генералот Смит – Гораст Цветковски
Бошко, наредникот на српскиот камп – Александар Микиќ
Миле Прлиќ, офицерот на српскиот камп и фотограф – Славиша Кајевски
Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман – Александар Ѓорѓиески
Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН – Борче Начев
Капетанот Дибоаи Калауза – Оливер Митковски
Џејн Ливингстон, новинарката на СНН – Камка Тоциновски
Генистул, деминерот – Ненад Анѓелковиќ/Томе Станковски
Пјер, кампот на УНПРОФОР – Стефан Спасов
Сержант Маршанд, наредникот на УНПРОФОР – Григор Јовановски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Кристина Гиева
Емир, босанскиот камп, војник и Џорџ во кампотна УНПРОФОР – Филип Миленкоски
Војникот, кампот на УНПРОФОР – Александар Иваноски
Секретарката, кампот на УНПРОФОР – Марија Кондовска
Војник во српскиот камп-Томе Станковски

Сценографи : Никола Тороманов и Валентин Светозарев
Избор на музиката: Александар Морфов
Костимографи: Валентин Светозарев и Никола Тороманов
Дизајнер на светло: Крис Јегер
Асистенти на режисерот:Николина Кујача и Никола Кимовски
Инспициент: Никола Кимовски
Преведеоданглиски: МаријаДимитриевска
Лектор: Тодорка Балова

Раководителнаработилници: ТатјанаБлажевска – Христова
Вајари: Ангелчо Петровски и ДаркоБазерко
Светло – мајстор: Игор Митревски
Тон – мајстори: Ненад Трпеноски и Симон Кипровски
Фотограф: Драган Гајиќ
Суфлер: Тања Ивановска
Реквизитери: Соња Крстевска и Лазо Миев
Гардеробери: Фиданчо Петровски, Скендер Бериша и Светлана Апостолска
Фризери и шминкери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска