Могерини и лидерите на Западен Балкан изразија жалење за одлуката на Европскиот Совет

Сподели

 

“Федерика Могерини ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера.”

 

 

-“Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност “- изјави премиерот Заев по прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Високата претставничка и лидерите од Западниот Балкан разменија мислења за односите ЕУ-Западен Балкан и настаните во регионот. Тие изразија жалење поради одлуката на Европскиот Совет да не отвори преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и се согласија дека ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан останува клучна стратешка цел, во заеднички интерес на ЕУ и на регионот, порачаа од Кабинетот на Федерика Могерини по средбата.