Могерини утре во посета на Македонија

Сподели

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, утре попладне ќе допатува во неколкучасовна посета на Македонија во рамки на нејзината мини­-турнеја низ балканските држави.

Могерини пред посетата изјави дека нејзината балканска мини-­турнеја е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“. ­

– За Европската Унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери од Западен Балкан се движи напред на патот на реформите, се движи кон Европската Унија и ја обезбедува неповратноста на тој процес. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст – рече Могерини.

Шефицата на европската дипломатија од денеска, па до 4 март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. За тоа време Могерини ќе има средба со државниот врв на земјите, како и со претставници на политичките партии и на парламентите.

meta.mk