МСУ – Скопје со донации од светски познати уметници

Сподели

 

Се зголемува уметничката колекција на МСУ – Скопје со донации од светски познати уметници.
 
Уметникот Сеад Казанџиу, кој беше дел од меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје.
 
 
 
 
Мала куќа, доме сладок доме 2014,Инсталација, 350 мали, индивидуално изработени, гипсени куќи | Installation, 350 small, individually crafted, plaster houses | 5 x 5cm секоја/ each
 
Сеад Казанџиу создава мали куќи од глина, кои се реквизити за јавните перформанси на уметникот, спонтани акции и демонстративни протести, кои тој ги изведува во јавни простори за да го привлече вниманието врз прашањето за домување на Ромите низ Европа. Повремено поставува илјадници мали куќички пред официјални згради во кои се сместени јавните власти, или во уметнички простори, во кои го поврзува својот политички активизам со естетското делување. Овие интервенции го свртуваат вниманието кон трагичната состојба за домувањето на Ромите: на ромските семејства често им недостасуваат финансиски средства неопходни за поседување дом, што ги прави зависни од националните авторитети надлежни за пристап до домување. Тие се ранливи и подложни на бројно иселување, а стапката на бездомнишво во ромските заедници е висока поради економското угнетување и општиот недостаток на можности за просперитетен живот во Албанија. Каде Ромите би се чувствувале безбедно, симболично и буквално, ако немаат дом?
 
Сеад Казанџиу (1987, Aлбанија) работи во различни медиуми, вклучувајќи сликарство, инсталации, видео дела и перформанси. Работата на Казанџиу како уметник и културен продуцент, ја отсликува неговата позиција на албански државјанин – Ром. Длабоко свесен за начините на кои општествените и политичките хиерархии во рамките на националната држава ги зајакнуваат нееднаквите привилегии и го спречуваат учеството, практиката на Казанџиу се занимава со прашањата на политиката, активизмот, предрасудите, исклученоста и животната средина. Неговото делување ги претставува напорите на еден уметник посветен на враќањето на достоинството на културна група која е насилно и неправедно маргинализирана во структурите на европската демократија.