МСУ водич и матине – три изложби и детско катче

Сподели

 

На 4 ноември, во 12 часот, во МСУ – Скопје, три новоотворени изложби:
Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ иархитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“, со кустосот водич Бојана Јанева.
 
Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан ќе биде организирано Матине со диџеј сет на Мартчин.
 
За најмладата публика и овој пат се организира Детско катче, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.
 
Поминете го саботниот ден во заедничко дружење на највисоката точка во срцето на Скопје со убава музика и пијалаци, каде сите заедно уште еднаш ќе се потсетиме на тоа дека нашиот МСУ е средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.