МТСП: Пријави агитирање и злоупотреба на партиска должност за време на предизборието

Сподели

 

Во рамките на надлежностите на техничкиот министер денеска до директорите на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на Mинистерството за труд и социјална политика, министерот Ѓоко Велковски испрати укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со изборниот законик.

Укажувањето се однесува на законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборната кампања и тоа за Избори за Претседател на РС Македонија 2024 година и Избори на пратеници во Собранието на РС Македонија. Непочитувањето на обврските и забраните од укажувањето повлекува кривично – правна одговорност согласно законските прописи. 

Во наредниот период доколку било кој граѓанин забележи злоупотреба на ресурси, агитирање, партиски активности, злоупотреба за службената положба во функција на влијаење на слободната волја на граѓаните, веднаш да го пријави истото во министерството на 02/3106456 или на емаил kabinet@mtsp.gov.mk