МТСП: Реакција на прес конференцијата на Живко Митревски

Сподели

Во врска со денешната прес конференција на Живко Митревски, ве известуваме дека изнесените обвинувања се неосновани, неаргументирани и неточни. Решението кое што МТСП го прогласи за ништовно е врз основа на член 124 од Законот за општа управна постапка, а не врз основа на Законот за работни односи, како што тврди Митревски.

Претходниот министер Ибрахим Ибраими го поништил решението донесено од страна на поранешната министерка Фросина Ременски, а согласно споменатиот член 124 од ЗОУП, Министерството нема законски услови да го поништи тоа решение.

Целосното правно образложение од Министерството, може да го прочитате на официјалната интернет страна на МТСП.