На денешната прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките.
Редовното покачување од 2% на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата. Потоа, согласно со Законот за минимална плата, зголемената плата за 2%, дополнително се покачи до износот на минимална плата.
Во таа насока, министерката Царовска изјави дека: ,,Од септември, вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2% кај градинките, ќе биде до 2040 денари, во зависност од нивното работно место.