Филмот „Мулхоланд Драјв“ на Дејвид Линч, во Кинотека на 6 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 часот и 7 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
„МУЛХОЛАНД ДРАЈВ“ (Mulholland Drive), Игран филм, САД, Франција, 2001, 146 мин., колор, 35 мм.
Режија и сценарио: Дејвид Линч (David Lynch);
„Малхоланд Драјв“ („Mulholland Drive“) – Режија: Дејвид Линч
Во чест на неодамна починатиот мајстор на нео-ноарот и соништата, Дејвид Линч, Кинотеката ќе организира специјална проекција на неговото ремек-дело „Малхоланд Драјв“. Овој хипнотичен филм е незаборавна комбинација на мистерија, психолошка драма и надреални елементи, кој ја истражува темната страна на Холивуд. Награден со наградата за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, „Малхоланд Драјв“ е еден од највлијателните филмови на 21 век и вистински омаж за Линчовата уникатна визија.
