Музеј на современа уметност: ИЗЛОЖБА на „Ничија земја“

Сподели

Почнувајќи од вторник (17 јануари), па до 15 февруари, во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде поставена изложбата „Ничија земја“/”No Man’s Land” на Stone Design.

„Ничија земја“ беше националниот претставник на Македонија на 15-тото Венециско биенале по архитектура за 2016 година. Креатори на проектот се архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски.

„Ничијата земја“ е претставена преку тунел долг 15 метри, чиј излез не се гледа, а на средината е висок 3,5 метри.

Тунелот, пишува designboom, ја претставува врската меѓу „јавното“ и „приватното“. Внатрешниот ѕид е изграден од огледален инокс, во кој се пресликуваат сите објекти кои се дел од поставката, а се дело на архитектите од Stone Design.