На 15.01.2025 во 16.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Б.С.(37) од Штип, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја. Б.С. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 15.01.2025 во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Денеска (16.01.2025) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ѓ.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 20.45 часот на ул.„Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.01.2025) во 02.00 часот на ул.„Св. Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода К.А.(28) од Злетово, затоа што при преглед на патничкото возило „шевролет“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, мобилен телефон и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 15.01.2025 во 20.15 часот на магистрален пат Прилеп – Битола, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода И.Џ.(26) од Прилеп, затоа што при преглед на неговото патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.П.(23) од Струмица, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.01.2025) околу 01.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 15.01.2025 во 14.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.П. пријавил дека на ул.„Спиро Гулапчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.01.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.01.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје била касната од куче скитник.