На 26.05.2024 во периодот од 14.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 18 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-7), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 13 (ТЕ-8 и ГВ-5), а исто така, привремено бил одземен и 1 мотоцикл кој бил со помината регистрација повеќе од 6 месеци. Против возачите се поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 9 (ТЕ-2 и ГВ-7) други видови сообраќајни прекршоци.
На 26.05.2024 од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници санкционирале 14 мотоциклисти кои управувале мотоцикли без заштитна кацига (Охрид-09, Струга-01, Кичево-03, Дебар-01).
Денеска (27.05.2024) во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Сарај, полициски службеници ја пронашле М.А.(14) од Скопје, за која на 24.05.2024 во Полициската станица Бит Пазар нејзината мајка пријави дека се оддалечила од домот.
На 26.05.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(46) од Скопје пријавил дека на 25.05.2024 околу 16.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ј.(48) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 18.05.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
На 26.05.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од скопско село пријавила дека на 25.05.2024 околу 22.30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.Т.(38). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2024 во 00.34 часот во СВР Скопје, Х.С.(36) од с.Ракотинци, скопско, пријавила дека на 25.05.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Ш.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.11.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага.
На 26.05.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, С.К.М.(51) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на подрачјето на Центар, две лица со закана одзеле пари и лични предмети од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (27.05.2024) во 02.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„50 Дивизија“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Т.З.(60) од Скопје и патничко возило „рено“, сопственост на А.Д. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 26.05.2024 во 18.26 часот во СВР Скопје, Е.В.(71) од Скопје пријавила дека околу 18.10 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје едно лице со употреба на сила ѝ одзело накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (27.05.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(56) од Скопје пријавил дека на 26.05.2024 околу 23.00 часот пред угостителски објект во Градски парк – Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле чанта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.