МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 20.12.2024 во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(36) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.12.2024 во 18.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишила од слобода А.А.(22) од Куманово и В.Џ.(28) од с.Черкези, кумановско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.12.2024  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.К. од Куманово. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени околу 2600 парчиња пиротехнички средства. Д.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 20.12.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н. (20)  од Скопје, и патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Н., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (21.12.2024) околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(41) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(31) од Р.Србија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.12.2024 околу 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на патот Градско-Прилеп, товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(39) од Битола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(30) од Битола, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 20.12.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(48) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во пешаците Р.В.(62) и Л.А.(65), двете од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 20.12.2024 во 14.02 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека на ул.„29-ти Ноември“ кај населбата Оризари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од Виница, и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.М.. констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 20.12.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Кавадарци, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  З.А.(54), и патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.И.(44), двајцата од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.И., додека со телесни повреди се здобиле З.А. и неговиот сопатник Т.Г.(36) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.