МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 02.01.2025 во 13 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода О.Р.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 14.10  часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Ш.(28) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.С.(22) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 02.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од  с.Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 02.01.2025 во 10.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ц.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонски војски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 02.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Н.(83) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.