СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Д.(45) и Д.А.(30), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.05.2025 на наплатна рампа Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, во кое биле пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.П.Л.(36) од Република Франција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 02.05.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед на патничкото возило „форд“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 22 мм, за кои не поседувал дозвола.
На 10.05.2025 во 13.30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 10.05.2025 во 14.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Герас Цунев“ со ул.„Кочо Рацин“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Г.(36), и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Н.(51), двајцата од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.А.(31) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 10/11.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(38) и Т.С.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.05.2025 во 18.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с.Вирово, демирхисарско, бил пронајден во бессознание и со повреди на главата Г.В.(52) од с.Вирово. Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.05.2025 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на раскрсница од ул.„Џон Кенеди“ со бул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи), а по судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило „пежо 308“. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Денеска (11.05.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.05.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во с.Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, а потоа дошло друго патничко возило од кое излегле неколку лица и физички го нападнале Е.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје малолетничка од виничко, која била згрижена во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на доктор во клиниката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (11.05.2025) во 01.50 часот во СВР Скопје, Н.А.(20) од с.Црешово, скопско, пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од А.С.(19) од Скопје, 17-годишник и уште четири други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (11.05.2025) во 00.30 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 10.05.2025 во 15 часот во СВР Скопје, С.С.(23) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека во 14 часот на бензинска пумпа во с.Трубарево, по претходно недоразбирање, неговиот 17-годишен брат бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.М.(66) и А.М.(39) од една страна и В.В.(57) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.05.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, С.М.(58) од Скопје пријавил дека околу 18 часот на спортско игралиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.05.2025 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 17 часот во двор од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Ј.(28) од с.Паничари, скопско и Б.С.(64) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.05.2025 во 02.33 часот во СВР Штип, Ч.С.(26) од Штип, пријавила дека околу 02 часот во нејзиниот дом во Штип, Н.А. ја скршил влезната врата и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.05.2025 во 10.35 часот, во СВР Велес, било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32) од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.А.(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
