МВР БИЛТЕН: ДНЕВНИ НАСТАНИ

Сподели

 

 

 

На 15.05.2021 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(45) од с.Грчец, општина Сарај, затоа што околу 12.30 часот на патот од с.Грчец кон с.Сарај го пресретнал А.А.(20) од с.Крушопек, скопско и со физичка сила и со закана му го одзел возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното од страна на  А.А,, причина бил нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и Н.Д.. Возилото било пронајдено, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.05.2021 во 09.15 часот на место викано „Трпеј Кошари“, атар на с.Лактиње, општина Дебрца, полициски службеници извршиле контрола, при што ги затекнале Ј.П.(56), Ц.К.(56), З.П.(31) и В.И.(20), сите од Демир Хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „мерцедес“, сопственост на Ј.П.. На местото бил затекнат и шумочуварот К.Д.(53) од с.Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата. Исто така, при преглед на теренот била пронајдена и поголема количина исечено огревно дрво. Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување биле одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.05.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје, Е.Р.(20) од с.Чајлане, скопско, пријави дека околу 11.30 часот во с.Глумово, скопско, бил физички нападнат од И.Ј., А.И. и Ф.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.11.2019 на ул.„Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и кокаин.

 

На 15.05.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, Х.Д.(30) од Скопје пријави дека околу 21.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 15.05.2021 на Граничен премин „Табановце“ на влез во РСМ, била пронајдена Н.С.(43) од с.Бучин, крушевско, за која на 06.05.2021 нејзиниот син В.С.(25) пријавил дека се оддалечила од домот.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.Ц.(34) и О.Н.(35), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.05.2021 на патарината „Сопот“, полициски службеници извршиле преглед на возило „фолксваген голф“, во кое се превезувале пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и мешавина од кофеин и парацетамол. На 10.05.2021 тие биле спроведени до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

 

На 15.05.2021 во 10.15 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Македонија“ било пронајдено починато машко лице. Полициски службеници констатирале дека починатиот е Б.К., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвен крст. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

 

На 15.05.2021 во 17.59 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(35) од нас.Гоце Делчев, Скопје, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга К.М.К.(27) од с.Трубарево, скопско. Се преземаат мерки пронаоѓање на лицето.

 

На 15.05.2021 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Скопје настанал пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 15.05.2021 во 07.15 во СВР Тетово било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат Ј.Г.(58) од Гостивар. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. Пријавената и покрај тоа што ѝ било издадено решение од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат од 05.04.2021, не ги почитувала мерките на изолација и на 12.04.2020 го напуштила местото на изолација, со што постапила спротивно на прописите или наредбите кои се определуваат за време на епидемија или некоја заразна болест.

 

На 15.05.2021 во 10.47 часот во Полициската станица Чаир, З.П.(53) од Скопје пријавил дека на неговото патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, забележал оштетување на предната хауба, најверојатно од залутано зрно. Според пријавеното, тој не знаел на која локација се случило оштетувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 15.05.2021 околу 18.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Филип Втори Македонски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

 

На 15.05.2021 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(36) од с.Волково. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.